ЖивотУбави совети

Неделен хороскоп {07.08 – 13.08}

Што вели хороскопот за неделата што следи?

ОВЕН

Ова ќе биде недела на преиспитување на вашите одлуки, зборови, дела и пријателства и целиот тој процес ќе ви биде од голема корист бидејќи конечно ќе успеете да се ослободите од отровните луѓе и ќе ви помогне во иднина да не избрзувате кога донесувате некоја важна одлука.

БИК

Кога станува збор за кариерата, ова е ваша недела! Пред вас се деловни одлуки и потези за кои сонувавте. Сега е мигот да ги покажете своето знаење и вештини. Од вас ќе се очекува да покажете лидерски способности пред другите. На љубоовен план, ќе биде мирно.

БЛИЗНАЦИ

Доколку сте раздвоени со саканата личност, на почетокот од неделата би можело да се чувствувате чудно. Но, тоа е само привид. Сконцентрирајте се на работата, како не би донеле избрзани одлуки на љубовен план за кои подоцна ќе се каете.

РАК

Раковите ќе бидат во потрага по нов љубовен партнер, а ќе го пронајдат меѓу колегите. Пред да влетате во нова врска, размислете дали сте на чисто со старата љубов и колку е добра одлуката да се меша љубовниот и деловниот живот. Можни се проблеми со вратот и ’рбетот.

ЛАВ

За Лавовите, оваа недела ќе биде тензична особено на работното место. Чувајте се од злобните колеги, не издавајте тајни, не коментирајте работи кои можат да бидат насочени против вас. Обидете се стресот од на работа да не го носите дома.

ДЕВИЦА

Ќе бидете многу горди со успесите кои ќе го постигнете на деловен, но и на љубовен план. Потрудете се постојано да целите високо, за да бидете задоволни од самите себе. Немојте да се нервирате поради некои ситници.

ВАГА

Конечно ќе сфатите дека имате сила за да издржите во реализирањето на вашите оригинални идеи иако околината тешко ќе ги прифати. Не чекајте туку веднаш почнете со делување и покажете ги вашите способности. Побарајте поддршка од партнерот.

СКОРПИЈА

Оваа недела нема да донесе некои поголеми промени кај вас. На љубовен план ве очекуваат многу убави моменти со партнерот, додека на работното место нема да има стресни ситуации. Поминувајте повеќе време во природа и одморете максимално.

СТРЕЛЕЦ

Состојбата во семејството станува се поконфликтна, но вие би требало да ја спуштите топката, како не би дошло до уште поголеми проблеми. Трпението е спасот од ваквата ситуација. На работа, потрудете се да се сконцентрирате, можни се грешки кои скапо ќе ве чинат.

ЈАРЕЦ

Јарците ќе бидат несопирливи и ќе изреализираат многу планови. Постојано ќе бараат нови и интересни предизвици кои за нивните најблиски ќе бидат неостварливи, но Јарците ќе покажат дека можат да направат се што наумиле.

ВОДОЛИЈА 

Бидете толерантни и имајте разбирање за луѓето околу вас, кои ги сакате, а кои поминуваат низ многу потешки проблеми од вашите. Покажете емпатија, нема ништо да ве чини. На работа, ве очекува доста напорна работа, па најдете начин за релаксација.

РИБИ

Саканата личност оваа недела би можела да ви овозможи остварување на сонот или во решавање на некој проблем. Слушајте ја, бидејќи сепак ви го мисли најдоброто. Многу Риби ги очекува ново вработување.

Поврзани статии

Back to top button