Убави вести

Неговите рефрени нема никогаш да ги заборавиме!

На денешен ден, пред точно десет години, Тоше Проески, нашата најголема музичка ѕвезда го одржа својот последен хуманитарен концерт.

Градскиот стадион во Скопје ечеше од неговите рефрени, а повеќе од 40000 срца се вљубија уште еднаш во секој негов стих.

Колку и да боли, знаеме дека таков концерт нема да ни се случи уште еднаш. А, боли! Боли некаде длабоко во нас што никогаш повторно нема да ја видиме неговата заразна насмевка!

Но, ветуваме дека никогаш нема да го заборавиме. Неговите песни засекогаш ќе одѕвонуваат во нас! Засекогаш! Ќе ги слушаме денес, утре, секој следен ден. Ќе им оставиме аманет на нашите деца и внуци секогаш да ги пеат за неговиот спомен никогаш да не избледи.

Поврзани статии

Back to top button