ЖивотУбави совети

Кој дел од денот за што е поволен?!

Со вашето тело управува вашиот внатрешен часовник што е програмиран да ги следи низата дневни физички и психички циклуси, попознати како циркадијални ритми. наједноставниот од нив ритамот на спиењето и будната состојба. Околу 6 часот наутро се зголемува телесната температура и нивото на хормонот кортизол терајќи ја гликозата во крвта за да ви обезбеди енергија во текот на денот. Навечер засилено се лачи мелатонин, хормон што го поттикнува спиењето. Еве како можете да е усогласите со своите циркадијални ритми и да си обезбедите телесна и ментална сила:

Три часа по станувањето вие сте на својот умствен врв, па затоа токму тогаш испланирајте ги задачите за кои се потребни додатни умствени напори.

Доцна претпладне координацијата ви е најдобра, па тоа е добро време да тргнете на долго возење или да се впуштите во некој мануелен потфат.

Попладне и рано навечер помнењето е изострено до максимум, па искористете го тоа за учење на нови вештини.

Рано навечер е најдоброто време за физички активности затоа што телесната температура и нивото на хормоните што ја поттикнуваат енергијата се на врвот. Мускулите се најтопли и најеластични, а силата и издржливоста се на највисоката точка.

Се разбира, ова се генерални правила, но сосем извесно е дека секој човек има специфичности во својот внатрешен часовник, што може да ги препознае со внимателно наслушување и следење и да се раководи од нив со своите дневни активности.

Поврзани статии

Back to top button