МодаУбави совети
Најелегантната фризура од шеесеттите и седумдесеттите години го доживеа своето големо враќање!
Овој тренд првпат беше популаризиран од Брижит Бардо, чии шишки беа поделени на средината и спуштени до јаболчниците. Неколку познати личности продолжиле да ја носат оваа фризура и по седумдесеттите години.
Па зошто оваа фризура се врати токму оваа година? Лесното одржување може да биде одговор.
Оваа “невнимателна” стилизирана фризура ви дава можност да ја носите на свој начин и да го изразите вашиот стил. Исто така олеснително е што шишките можете да ги носите и на средина и на страна, па затоа не мора да ја земате во предвид нивната должина.
Не бара многу оформување, доволно е само да ја измиете, да ја исушите чешлајки и да изгледате ултра модерно!