Најголемите жениски предрасуди кои ги комплицираат врските!
Наместо да се опуштат и да уживаат со партнерот, поголемиот дел од жените го анализираат секој негов чекор и најчесто на тој основ носат погрешни заклучоци кои доведуваат до расправии и незадоволство од двете страни. Мажите често пати знаат да кажат “Жените се комплицираат, се ги интересира и од мраква прават слон”. И, во право се! Да, за жал такви сме.
Ако покажам дека сакам сериозна врска или брак ќе мисли дека сум здодевна и очајна! Истражувањата покажале дека 75% од мажите сакаат кога жената ќе покаже иницијатива за врска. Ако се трудите да изгледате незаинтересирано и рамнодушно тие веднаш тоа ќе го намирисаат и ќе го земат тоа како здраво за готово. А има ли маж кој покрај себе сака незинтересирана девојка? Не срамете се од емоциите! Кажете го својот ства и своите желби, гласно.
Сите мажи се лоши, нема заштитници и џентлмени. Ова е типична предрасуда на модерните жени кои себе си се сметаат за принцези и омаловажуваат се што е поразлично од нив. Психолозите велат дека позади овој став се крие страв од врзување и зближување, а исто така со овој ства ги бркате сите од вас.
Мажите сакаат само убави и атрактивни девојки! Ова навистина не е точно, убавината е релативна работа. Повеќето мажи за врска или брак одбираат жена која им одговара карактерно и често го ствааат изгледот во втор план.