ЖивотУбави совети
Направете си хидратантен лосион за тело
Кожата на нашето тело во најтоплите месеци од годината бара посебна нега. Сонцето, солта од морето, хлорот од базените и честите депилации можат да ја искушат косата и затоа и треба постојана хидратација.
Наместо да фрлате пари на скапи креми за тело, направете си домашен лосион кој ќе ја регенерира и нахрани вашата кожа.
Потребни ви се: 30мл хидролат (цветна вода) од лаванда или нане, 70 мл. ладно цедено бадемово масло и 15 капки масло од нане.
Измешајте ги добро сите состојки и течноста ставете во ја во шишенце со распрскувач. Овој лосион може да го употребувате неколку пати дневно во период од еден месец. Чувајте го на темно и суво место.