Миењето садови го намалува стресот!
Колку и да не ви е забавно миењето садови, треба да знаете дека тоа има позитивен ефект врз вашето здравје. Докажано е дека го намалува стресот.
Миењето садови го намалува стресот, доколку го правите тоа со внимание и целосна концентрација во моментот, тврдат истражувачите на Државниот универзитет во Флорида.
Истражувачите докажаа дека домашните работи, како миење садови, кога се прават свесно, придонесуваат за намалување на стресот и постигнување мир на умот. Откриле дека учениците кои мијат садови свесно имаат зголемени позитивни емоционални фактори како што е инспирацијата, значително се намалува нервозата и вознемиреноста. Се докажало дека групата избраници која механички ги измила садовите не резултирала со позитивен ефект врз менталното здравје, нервозата и вознемиреноста додека групата која посветено и свесно се сконцентрирала на миењето садови го намалила стресот од 25 до 27%.
Жени и мажи домаќини, посветете се со внимание кон миењето на садови, оти докажано е дека тоа е здраво за вас!