Од васУбави муабети

Ме изневери, но на крајот јас ја добив победничката титула!

Бевме заедно со години, се сакавме, се забавуваме, се радувавме и тагувавме заедно. Најважен на светот ти ми беше, за тебе боса во оган влегував. Со тебе пораснав, со тебе созреав. Тебе ти верував, тебе ти се предадов. После се што доживеавме, после сета радост ти ми ја нанесе најтешката болка, најголемиот срам и очај од тебе ги доживеав. А, не ни претпоставував, не ни помислував. Сигурна во тебе, повеќе од што во себе бев. И, тука згрешив. Ме болеше, тагував, плачев и те проколнував за после некој месец да дознаам дека ти си мојата најважна лекција, животна лекција. Песна напишана, книга одамна прочитана. Благодарение на тебе јас сфатив колку вредам. Вредам повеќе од твоите лаги, од моите солзи и од твојата дрскост. Без срам ме изневери. Со наведната глава, полна стравови и срамови те оставив. Сега сум добро, сега се е во ред. Сега јас знам дека себе си само можам да си верувам. Се сакам сама три пати повеќе од порано. Се почитувам и за сее живеам. Ти, мој улителу ме научи дека животот е мој и само по мој кеиф морам да го живеам. Ти благодарам. Јас сега ја држам победничката титула во моиве раце, среќна, задоволна, самоуверена и посилна од порано продолжувам напред.

Поврзани статии

Back to top button