Убави дестинации

Места на кои можете да летувате и во октомври

Судејќи според времето во последниве денови, се чини дека летото е навистина заврши. Меѓутоа, постојат некои дестинации каде што дури и во октомври може да се сончате и пливате.

Овие 10 дестинации изобилуваат со сончеви денови и пријатни температури на водата и воздухот дури и во раната есен.

ЛАНЗАРОТЕ, КАНАРСКИ ОСТРОВИ

Овој Канарски Остров е една од најсигурните опции за европските туристи, кога во прашање е сонцето во Октомври. Гостите можат да уживаат во едно од трите одморалишта по долната на јужниот брег: Плаја Бланка, Коста Тегуисе и Порто дел Кармен.

САНТОРНИНИ, ГРЦИЈА

Еден од најпознатите осторви на Егејското море кој бил уништен во вулканска ерупција во 16 век, но секогаш изоблиувал со својот прекрасен пејсаж и блага клима. Посетителите ќе уживаат во идиличните предели на стрмни карпи, елегантните градби со нивните прекрасни балкони и чардаци.

АЛАНИЈА, ТУРЦИЈА

Просечните температури во октомври се 29 степени, што е многу попријатно отколку во средината на летото. Тоа е причината зошто октомври е совршен за летен одмор во Турција.

ЗАКИНТОС, ГРЦИЈА

Типичната медитеранска клима на овој грчки остров на Јонското Море, во октомври преовладуваат топли летни температури со пријатни 25 степени. 

 

Поврзани статии

Back to top button