Од насУбави муабети
Колку големо нешто е човек да има чисто сведоштво на совеста
Совршено е она што Господ го рекол дека доаѓа кнезот на овој свет и во Мене нема ништо. Сатаната иде, но не наоѓа ништо во Мене, никаде не може да Ме допре и да Ме обвини. Христос го кажал тоа како Човек, како совршен Човек. За жал, во нас има многу нешта, за кои сатаната може да не обвинува, бидејќи сме слаби, гревот не задушува, тој е толку лесен за правење и привлечен, што многу пати не влече кон себе. За жал, совеста може да не обвини за многу нешта. Постои сепак бањата која нѐ очистува нас и нашата совест. Тоа е бањата на покајанието, на солзите. Ако чувствуваме болка, ако паднеме пред Христовите нозе со болка и заплачеме и плачеме доволно, тогаш нашата совест чувствува олеснување.
Митрополит Атанасиј Лимасолски