Од васУбави муабети

Таа ја изгуби борбата, но јас ја изгубив неа…

Не беше наше време

Вчера ја сретнав случајно, во оноj омилениот ресторант. Премногу се променила, се изменила од глава до пети. Се изменила до тотална непознатливост.
Дури, луѓето еден до еден се прашуваа.
Од каде е, која е?
А таа, среќна и туѓа. Јас се правев дека ниту ги слушам, ниту знам која е. А, сведок бев таа беше. Пренежна, а во исто време и претажна. Очите и се измениле, погледот, ставот, душата. Во тоа наше време кога во ноќите и се враќав ја гледав..така насмеана и добра..полна со соништа, а осамена. Секогаш ја оставав, ја повредував, бев нем за да и прозборам, слаб за да ја почувствувам…незнаев дека толку ми значи, додека не ја изгубив. Секогаш кога се вракав таа беше сама и своја… И секогаш ме сакаше, колку и да ја повредував, колку и срце да и распарчував секогаш ми се враќаше…Но, еден пат беше различно..се ми се врати, таа никогаш, а проклет да сум не верував во карма, но откако ја изгубив и во тоа поверував..А знаеш без разлика на тоа колку пати ја имав повредено никогаш збор не ми рече, никогаш не ми пререче, храбра беше, молчеше, надежи ткаеше, премногу во мене веруваше, премногу очекувања за човек како мене имаше мислеше ќе се променам, мислеше кон подобро време ќе одиме. Но не…јас уште повеќе ја повредував уште повеќе ја понижував. Се навикнав на тоа и ја оставав секоја ноќ повеќе и повеќе во солзи да се дави и соништа да урива, а таа ми ги простуваше сите грешки кои не требаше. Знаеше и самата колку е вљубена во мене, а јас знаев дека што и да направам никогаш не би се откажала од мене, мислев секогаш ќе ми се враќа мене, мислев среќна е со мене…но ете се откажа. Не само од мене, крена раце и од нас. Најверојатно се покаја, се измори и таа, се измори од таа борба. Таа ја изгуби борбата, но јас ја изгубив неа, со своето однесување. Ама барем ќе ме памети за цел живот оти ја научив како да стои цврсто на нозе и како да биде насмеана и после се, а најмногу од се ја научив како да живее без мене. И дојде за мене она време кога ја чекав, ја чекав да заборави, да ми прости, да ги оживее повторно нашите надежи, а времето ми влепи шлаканица и ме научи дека навистина постоело само кога било неговото време. Во моменти, во секунди, кои јас ги коцкав и ги заборавав. И знаеш што? Тоа време за мене беше личност која доаѓа во нашиот живот и ги променува настаните. Како што дојде таа во мојот живот, само што јас незнаев на време да ја ценам па ја изгубив. И касно сфатив дека сите рани по моето тело таа ги заши. Целата тага ја замени со среќа. Го засакав нејзинот парфем повеќе од димот на цигари, но прекасно. Ја засакав кога сфатив дека ми недостига, за да станам подобар човек, но сега што дека, за мене нема место повеќе во нејзината совест. Сега кармата ме стигна, дојде време сите нејзини солзи да ги наплатам со камата. Сега е нечија, среќна , насмеана. Со некого секоја вечер заспива со насмевка на лицето. Се дала себе си целосно на некој кој никогаш не би ја повредил, не би ја растажил. На некој кој не е скот како мене, се предала целосно со тоа што остана живо во неа на некој на кој му е посебна. И знаеш што? Ме замени. Ама нека, заслужив! Сега тој е во нејзиното срце, во нејзината глава, сега за него ткае надежи, за него сонува соништа. Мене ме избришала засекогаш, како да сум избледел за неа, ме сместила во минатото, а тој и е сегашност и иднина. Нему му е целосно предадена, на туѓа љубов се радува, во туѓи прегратки заспива, на туѓи раце сонува. Тој и е сега поткрепа, јас за неа ќе останам само мрак и месечина, а таа за мене ќе остане недопрено сонце и згасната светлина.

Автор: Викторија Стојовска

Испратете и Вие ваш текст на info@ubavo.mk

Поврзани статии

Back to top button