Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете!
Секогаш имајте време за себе и за добра, интересна и поучна книга. Колку повеќе читате толку побогат фонд на зборови ќе имате.
Моја до полноќ (Лиса Клејпас) По смртта на родителите, Амелија Хатавеј храбро ги презема уздите на животот, заедно со грижата за нејзините три помали сестри и нејзиниот своеглав брат. Нивниот живот е скромен и пристоен, барем до неочекуваното наследство кое го издигнува нејзиното семејство до ранговите на аристократијата. Но новите околности со себе носат и куп нови проблеми, меѓу кои и повторната средба на Амелија со Кам Рохан – мистериозниот, безобразно богат и опасно згоден маж со ромско потекло. Кам поседува богатство за какво повеќето мажи можат само да сонуваат и уморен од баналните ограничувања на општеството, копнее да им се наврати на своите „нецивилизирани“ цигански корени. Кога убавата Амелија му бара помош, тој има намера да понуди само пријателство – но намерите не се совпаѓаат со желбата што ги заслепува и двајцата. Иако двајцата се трудат да ја игнорираат меѓусебната привлечност, тоа се чини невозможно. А сакала таа да признае или не, Амелија мора да се помири со фактот дека без неговата помош би била целосно изгубена. Исто како и без неговата страсна прегратка…
Споменот на него (Колин Хувер) По отслужувањето затворска казна од пет години за трагична грешка од минатото, Кена Роуан се враќа во градот каде што се случила трагедијата, надевајќи се дека ќе добие втора шанса со својата четиригодишна ќерка. Но се покажува дека е невозможно одново да се изградат мостовите кои ги изгорела во минатото. Сите во животот на ќерка ѝ се цврсто решени да не ѝ дозволат на Кена да ѝ се доближи, без разлика колку таа се труди да се докаже. Единствената личност која не ѝ ја затвора целосно вратата е Леџер Ворд, сопственик на локален бар и една од малкуте преостанати личности кои ја поврзуваат со ќерка ѝ. Но ако некој дознае дека Леџер полека станува важен дел од животот на Кена, двајцата ризикуваат да ја изгубат довербата на сите кои им се битни. Нивната блискост расте и покрај притисоците околу нив, но истовремено расте и ризикот. Кена мора да најде начин да се искупи за грешките од минатото ако сака да изгради иднина во која ќе има надеж, исцелување и простување.
Под ѓаволовиот мост (Лорет Ен Вајт) Клејтон е почитуван семеен човек; татко, сопруг, професор, тренер и училишен советник, кој пред повеќе од две декади го признал бруталното убиство на ученичка, тинејџерката Лена Раи. Но зошто ја убил? Причината отсекогаш била мистерија. Во низа ексклузивни интервјуа од затвор, Клејтон ја споделува вистината за она што се случило таа ноќ под Ѓаволовиот мост. Но вистината е далеку од она што го очекуваат сите во Твин Фолс. Клејтон сега вели дека тој не е убиецот. Дали лажел тогаш, кога го признал убиството? Или лаже сега? Но во приказната недостасува еден клучен играч? Рејчел Волзак, пензионираната детективка која ги разоткрила изопачените нагони на Клејтон и го сместила зад решетки. Таа не е заинтересирана да ја игра играта на Клејтон, но случајот се здобива со толку голема популарност што почнуваат да се откриваат нови детали и во Рејчел се будат сомнежи за сѐ што мисли дека знаела во минатото. И со секое ново интригантно откритие на Клејтон, сѐ повеќе станува јасно дека тој не е единствениот во градот со тајна.