Кои жени се неодоливи?
Повеќето од вас ја кликнаа оваа статија и очекуваа листа на атрибути како што се: брилијантни нозе, волшебна насмевка, примамливата фризура… Сепак, она што медиумите го нудат како секси и неодоливо е само мал дел од загатката. Првото нешто што треба да направиме е да ве увериме дека жените во списанијата, рекламите и кампањите се секси. Всушност, има толку многу други фактори кои го составуваат сексипилот во вистинска смисла на зборот. Ви ги претставуваме само некои од најважните…
Самодовербата е клучот на сексипилноста. Нема маж кој ќе остане рамнодушен за друштвена жена полна со самодоверба. Амбицијата ја дава вистинстака насока за се во животот, па оваа амбиција може да биде вистински афродизијак за секој маж. Страст кон животот, и кон се останато. Љубезноста која во денешно време е толку ретка карактеристика во друштвото. Кога жената не се менува за никого и себе си се претставува во вистинско светло, за секој маж е интересна таа искреност која ја поседува. Колку и да е привлечна, провокативна и згодна доколку не поседува интелегенција се предходно наведено ќе падне во вода.