ЖивотУбави совети

Какви жени едноставно не сакаат мажите?

Мажите не разбираат зошто жените треба постојано да бараат и да се жалат за нешто, затоа што се водат од едноставна логика – ако нешто ми пречи, ќе го променам сам, а ако не можам, тогаш ќе се засолнам. Дали некогаш сте се запрашале какви жени едноставно не сакаат мажите? Дознајте подолу.

Жена која постојано се жали и озборува – Жените кои зборуваат негативно за другите и ги омаловажуваат сите околу нив дефинитивно ќе го отфрлат секој маж. Океј, сите понекогаш имаме жолта минута и се жалиме, но едно е да го правиш тоа понекогаш, а сосема друго ако го правиш 24 часа на ден! Мажите не разбираат зошто жените треба постојано да бараат и да се жалат за нешто, затоа што се водат од едноставна логика – ако нешто ми пречи, ќе го променам сам, а ако не можам, тогаш ќе се засолнам.

Опседната со диета – Ако секоја друга реченица е во стилот на броење калории, многу брзо ќе го избркате. А, ако, не дај Боже, почнете да го спречувате да пие пиво затоа што дебелее, брзо ќе побегне од вас! И ние не го обвинуваме. Момците сакаат кога девојките се опуштени и пред се кога уживаат во животот. Ова не значи дека ќе јадете ќебапи осум пати на ден помеѓу оброците, туку дека едноставно ги отпуштате сопирачките и се препуштате на мали, умерени задоволства…

Работохолик – Убаво е што си ја сакаш работата, но нема потреба да им ги полниш главите на другите, особено на дечко ти, за рокови, колеги, шеф или деловни презентации, бидејќи ќе ти биде јасно дека немаш друга тема за разговор. Мажот може да го интересира што мислите за него, што би сакале да правите кога не работите, вашите хоби, вашите ставови. Доколку сакате да имате момче, време е да не размислувате исклучиво за работата, туку да започнете да живеете…

Незадоволна од роднините – Рака на срце, малку се оние кои имаат совршени роднини и кои никогаш не се скарале со никого. Сепак, тоа не е причина постојано да се зборува за тоа и да се плука по нив. Ако немате убави зборови за вашите роднини, прескокнете ја таа тема.

Жени кои секогаш глумат мајки – Некои жени мислат дека знаат се, па така и постапуваат. Имаат чувство дека мора да знаат за сите проблеми на овој свет и, секако, на нив е да ги решат. Затоа што, кој би го знаел тоа подобро од нив?! Тие се толку опседнати постојано да го мачат момчето со безброј прашања и ќе се скршат за да му дадат мудар совет. Да се ​​вратиме во реалниот свет: факт е дека ниту едно момче не сака да излезе со својата мајка!

 

Поврзани статии

Back to top button