МодаУбави совети
Кое е омиленото парче гардероба за оваа сезона?
Изгледа набрзина од кратки летни маички преминавме во долги, дебели и топли џемперчиња.
Не очајувајте, есента е идеално годишно време за комбинирање.
Летните здолништа и тенки фармерчиња надополнете ги со кратко или долго, но задолжително широко џемперче кое не само што ќе ве згрее туку во него со сигурност ќе се чувствувате и комотно. Подгответе се психички за студените денови кои набрзо ќе ни затропаат на врата, но и со време набавете си интересни џемперчиња во повеќе бои.
И, не заборавајте, оваа сезона апсолутен моден погодок ќе бидат широките модели и пастелните нијанси! Признајте, џемперите ви се омиленото парче гардероба во студените денови.