Книги кои ќе ви ги размрдаат мислите, ќе ви предизвикаат воздишки
И денешните три интересни книги ќе ве оставaт без здив, ќе ви ги раздрмаат мислите и ќе ви предизвикаат воздишки.
Емоционална писменост (Клод Стајнер) Оваа книга е извор на моќ од незаменливо значење за успех во денешниот свет. Во оваа книга, со методот чекор по чекор се прикажани конкретни вештини за учење на емоционалната писменост – интелигенцијата со срце.
Една неважна жена (Оскар Вајлд) Не верувајте и на жена која без проблем ги кажува своите години. Бидете претпазливи токму со ваквите жени. Жена која без размислување би ги кажала годините би ви кажала и се друго без проблем!
Јас пред тебе (Џоџо Мојес) Роман за животот на двајца млади луѓе.Тие немаa ништо заедничко додека љубовта не им овозможи да изгубат се. . . Романтична приказна од која ќе ви се стопи срцето, но која ќе ви постави едно прашање: Што се би направиле за љубовта на вашиот живот, знаејќи дека срцето ќе ви биде скршено?
Искри како ѕвезди (Надја Хашими) Американка со авганистанско потекло се враќа во Кабул со цел да ја дознае вистината за своето семејство и за трагедијата што им го уништила животот: тоа е дејството на овој брилијантен и жесток роман од авторката на бестселерите Бисерот што ја скрши школката, Куќа без прозорци и Кога месечината е ниско. Кабул, 1978 година: Како ќерка од угледно семејство, Ситара Замани живее живот полн со привилегии во авганистанската космополитска престолнина. Тие 70-ти години се период што ветува извонредно многу, под водство на луѓе како Сардар Дауд, прогресивниот авганистански претседател, и саканиот татко на Ситара, инаку десната рака на претседателот. Но, светот на десетгодишната Ситара се урива кога комунистите изведуваат воен удар, при што ги убиваат претседателот и сите од семејството на Ситара. Таа е единствената преживеана. Од палатата скришно ја изнесува еден гардист по име Шаир, по што Ситара на крај завршува во домот на една американска дипломатка, која ја посвојува и ја подига во Америка. Во својата нова земја, Ситара добива и ново име – Аријана Шеперд – и се фрла на студии, за на крај да стане познат хирург. Како еденствена преживеана од трагедијата, Аријана одбива да гледа зад себе и место тоа решава траумата и катастрофалната загуба што ги претрпела да ги закопа длабоко во себе. Њујорк, 2008 година: Триесет години по таа фатална ноќ во Кабул, светот на Аријана повторно се разнишува од корен кога во нејзината ординација влегува еден постар пациент – човекот кого не очекувала дека некогаш повторно ќе го види. Тоа е Шаир, војникот што ја спаси, а, сепак, кој, можеби, и го убил целото семејство. Средбата со него кај Аријана буди гнев и желба за одговори – и, можеби, за одмазда. Сфаќа дека не може да продолжи со животот ако не ја дознае вистината, па тргнува во потрага, која ја враќа во Кабул – центарот на борби меѓу корумпираната влада и талибанските фундаменталисти – и низ засенчените сеќавања на саканиот свет што го изгубила. Смела, просветлувачка, трогателна, а, сепак, полна со надеж, Искри како ѕвезди е приказна за домот – за Америка и за Авганистан, за трагедијата и за опстанокот, за повторното пронаоѓање и сеќавање, приказна раскажана со карактеристичниот глас на Надја Хашими.
Куба од моите соништа (Шанел Клитон) Од авторката на издавачкиот феномен и бестселер „Се гледаме во Хавана“ ни доаѓа приказната за преубавата и храбра Беатрис Перес, жена пред своето време, која ќе ризикува сè за своите идеали. Кубанската револуција ѝ зела сè на наследничката на шеќерната династија Беатрис Перес: нејзиното семејство, нејзиниот народ, нејзината земја. Опседната со желбата да се одмазди и да го врати животот што го изгубила на Куба, се заплеткува во опасниот свет на шпионажата за да се инфилтрира во кругот на луѓето што му се најблиски на Фидел Кастро. Студената војна како ураган ѝ се заканува на Флорида и на сè што ѝ значи на Беатрис, а таа е растргната меѓу политичкиот судир и забранетата афера со еден моќен и амбициозен маж. Додека расте напнатоста меѓу Куба и Соединетите Американски Држави, а текот на историјата бега од контрола, Беатрис мора да избира меѓу тоа што било и тоа што треба да биде, а еден погрешен чекор би можел да ја остави без сè – не само без саканата Куба, туку и без мажот на кој му го дала срцето.
Кој го уби султанот? (Ајше Кулин) Насекаде има крв! Еден многу впечатлив поглед на Ајше Кулин на последниот период на отоманското владеење. Во овој роман читаме за крајот на еден период, кој завршува со таинствената смрт на султанот Абдулазиз, видено од очите на многубројни важни личности во дворот. Гледаме дека Кулин понекогаш на сите ликови им се приближува со една извонредна човечна чувствителност, понекогаш на самите граници на литературата. „Кој го уби султанот?“, всушност, е роман што ни укажува на сличноста на блиската историја со денешнината, ни покажува дека, всушност, историјата не се состои само од повторување, туку и од контемплација. Ова е еден вистински повик, едно барање да се свртиме и да прочитаме за тој период со сета своја енергија и искреност!
Млад кромид секој ден, еве и зошто!