Убави книги и филмови

Книги кои раскажуваат незаборавни приказни за загубите, борбеноста и заљубеноста!

За време на празниците одморете се и опуштете се со одличен избор на книги. Читајте, верувајте и вљубете се во пишаниот збор.

Тајната сопруга (Џил Пол) Вечна љубов. Брутална грижа на совест. Скршени срца…1914: Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност… 2016: Кити Фишер открива нешто ужасно што ја тера нагло да побегне од Лондон во колибата на нејзиниот прапрадедо во Америка. Таму, на брегот на прекрасното езеро Аканаби, наоѓа спектакуларно парче накит што ќе ја одведе до одамна закопана семејна тајна…Срцепарателна и прекрасно напишана, Тајната сопруга патува низ векови, спојувајќи го минатото со сегашноста за да раскаже незаборавна приказна за љубовта, загубите и борбеноста, потврдувајќи уште еднаш дека надежта секогаш умира последна.

Ти си тој што го сакам (Џована Флечер)  Меди, облечена во бело, стои на влезот од црквата. Пред олтарот се наоѓа Роб – човекот со кој ќе се мажи. До Роб стои Бен – кум и најдобар пријател на невестата и младоженецот. И тоа е проблемот. Затоа што ако пред олтарот не ја чекаше Роб, постои голема веројатност тоа да беше Бен. Лојалниот и чувствителен Бен кој отсекогаш си ги чувал чувствата за себе, но кога би се свртел сега да ? каже на Меди дека прави голема грешка, дали таа би слушала? И дали тој би бил во право? Тие се најдобри пријатели од детството; Меди, Бен и Роб – неразделни. Но љубовта менува сe. Меди мора да донесе одлука, но дали ќе ја донесе правилната? Нејзиното срце, а дефинитивно и срцата на двајцата најдобри момци што ги познава, зависат од тоа…

Раѓањето на огнот (Сузан Колинс) оваа книга претставува мост што ја носи приказната од нејзиниот проблематичен почеток до насилен и драматичен крај. Наспроти сите напори и желби на Капитол да ја видат мртва, Кетнис е победник на 74-тите Игри на гладните, заедно со Пита, момчето од нејзиниот реон во кое сите веруваат дека таа е лудо заљубена. Иако по победата таа има сè што би можела да посака – куќа во специјален дел од реонот за победниците на Игрите, повеќе од доволно храна за нејзиното семејство и популарност во целата држава, по посетата од самиот претседател на Панем, Кетнис не може да ужива во сето тоа. На таканаречената “Победничка турнеја“ таа мора да ги убеди жителите на сите реони дека навистина е лудо вљубена во Пита, не оставајќи воопшто простор за сомнеж за да нема катастрофални последици. Таа сфаќа дека нејзиниот потег во Игрите за да го спаси Пита и самата себе си од сигурна смрт доведува до подигнување на востание во одредени реони.

 

Поврзани статии

Back to top button