Убави книги и филмови

Книги кои ќе ве освојат од првата страница

Секогаш имајте време за себе и за добра, интересна и поучна книга. Колку повеќе читате толку побогат фонд на зборови ќе имате. Колку повеќе читате толку полесен живот ќе живеете!

Не напуштај ме (Шеви Стивенс) Пред единаесет години, Линдзи Неш побегнала од својот насилен сопруг сред ноќ, заедно со својата мала ќерка. Нејзиниот бивши сопруг, Ендру, завршил во затвор, а Линдзи започнала нов живот. Сега, Линдзи е постара и помудра; има сопствен бизнис и ќерка тинејџерка на која ѝ е потребна повеќе од кога било. Кога Ендру конечно излегува од затвор, Линдзи сака да верува дека се пресечени сите конекции меѓу нив и дека минатото е далеку зад неа. Но има чувство дека некој ја набљудува, се чувствува како некој да го следи секој нејзин потег. Нејзиното ново момче добива закани. Некој ѝ влегува дома. Некој ја следи нејзината ќерка. Линдзи е убедена дека тоа е нејзиниот поранешен сопруг, иако тој тврди дека сега е комплетно различна и променета личност. Но дали навистина е променет? Или постои некој друг близок на семејството кој исто така претставува опасност?

Подарокот (Едит Егер) Моќната прва книга на Едит Егер, „Изборот“, ја раскажува приказната за нејзиното преживување во концентрациони логори, нејзиното бегство, исцелувањето и патешествието кон слободата. Опра Винфри вели, „Засекогаш ќе бидам променета од приказната на доктор Егер“. Илјадници луѓе од целиот свет ѝ пишувале на Егер за да ѝ кажат колку нејзината книга ги трогнала и ги инспирирала да се соочат со сопственото минато со цел да се обидат да најдат лек за својата болка, истовремено молејќи ја да напише уште една книга со повеќе практични и детални совети како нејзе ѝ успеало во тоа. Па така сега, во „Подарокот“, Егер се осврнува на исцелувањето и ни дава многу корисен прирачник кој нежно нѐ охрабрува да ги промениме своите мисли и однесувањето кое нѐ прави затвореници на минатото. Егер објаснува дека најлошиот затвор за неа не бил затворот во кој ја сместиле нацистите, туку оној што таа самата го создала за себе – затворот на нејзиниот ум. Потоа ги опишува дванаесетте најзаробувачки проблеми со кои се соочила – како, страв, тага, лутина, тајни, стрес, вина, срам и одбегнување – и алатките кои ги открила за справување со овие универзални предизвици. Со многу емпатија, стручност и хумор, Подарокот ќе ви даде охрабрување и совети за да се ослободите од сопствените затвори и да уживате во животот.

Дарот – книжулето со чуда (Стефанос Ксенакис) Внимавајте да не дозволите дните да ве одминат – не дозволувајте животот да ве одмине. Секој ден е дар. Примете го. Отворете го. Не отфрлајте го. Пазете се од лесниот живот. Тоа е сигурна и бавна смрт. Сакајте ги вашите проблеми. Ќе ве однесат чекор подалеку. Прифатете ги искушенијата. Колку е посилен ветрот, толку е поцврсто дрвото. Грижете се за себе како да сте најважниот човек на светот. Навистина сте. Само не ви кажале. Забележувајте ја убавината околу вас. Насекаде е. Секогаш правете добри дела. Споделувајте ја туѓата радост. Не верувајте во среќа. Сами ја создавате среќата. Разберете го тоа и животот ќе ви се смени. Живејте го животот со полни гради. Кога се смеете, смејте се искрено и вистински. Кога плачете, плачете; кога страдате, страдајте. Не сте изработени од порцелан. Нема да се скршите. Созревајте секој ден, сè до последниот. Затворете ги очите и сонувајте. Во вашиот багаж ја собира само љубовта – љубовта што ја давате и љубовта што ја примате. Книжулето со чуда е збир на секојдневни приказни, низа на мали чуда кои ни се случуваат на сите нас. Читајќи ги приказните една по друга, полека, но сигурно ќе запливате во вашиот внатрешен свет, ќе се присетите на сите одлуки кои сте ги донеле, ќе се соочите со начинот на кој размислувате, начинот на кој живеете. И ни за миг нема да може да заборавите дека ЖИВОТОТ е ДАР.

Поврзани статии

Back to top button