Книги за љубителите на филозофијата!
Секој ден е идеален ден за да почнете со читање на нова книга!
Масонски легенди (Леви Елифас) Во суштина масонската филозофија е иста со филозофијата на древната Кабала. Леви е најблескавиот, најоригиналниот и највпечатливиот објаснувач на окултната филозофија на Западот. Дури и два века по неговата смрт сè уште не се појавил никој да ја постави вистината на неговата мантија.
Отаде доброто и злото (Фридрих Ниче) Ниче е најголем филозоф во Европа. Во делото, тој драматично ја отфрла традицијата на Западното мислење со поглед кон вистината и кон Господ, кон доброто и злото. Ниче покажува дека христијанскиот свет е покриен со лажна побожност и е заразен со „моралот на робот“.
Зошто страдаме (Виктор Илиевски) На страниците на оваа книга е претставена еволуцијата на иследувањето на проблемот во aнтиката, од самите зачетоци на неговото промислување, па сè до зрелите и релативно подробно изнесени теории на злото кои се јавуваат во добата на хеленизмот и доцната антика. Основната цел на овој труд е авторот да даде барем скромен придонес кон настојувањето таквата состојба да се промени, а со тоа и да претставува мал чекор напред во обидот да се изнајде одговор на прашањето „Зошто страдаме?“