Убави книги и филмови

Книгите кои ова лето мора да ги прочитате!

Ако се подготвувате за на одмор, не заборавајте да ставите и книга во вашиот куфер.

Еве кои се нашите предлози:

Трите ќерки на Ева – Елиф Шарак

„Сандеј Тајмс“ оваа книга ја оцени како „длабок и незаборавен роман што поврзува различни светови, гледишта и можности“. На пат кон една луксузна палата на триесет и петгодишната Пери чантата ѝ ја краде еден питач. Во борбата да си ја врати, но и да си го спаси животот, на земја ѝ паѓа една фотографија – три студентки со својот професор ‒ спомен од минатото, но и страшна болка што очајно се обидува да ја надмине.

Во водата – Паула Хокинс

Психолошки трилер за разни облици на семејното насилство. оваа авторка по книгата „Девојката од возот“ ќе ве фасцинира со уште една одлична трилер приказна која ќе го направи вашето лето – возбудливо. Едно семесјтво се распаѓа поради една тајна… И да, никогаш не верувајте на мирното море – никогаш не знаете што има под површината.

Спасителот – Ју Несбе

Спасителот е мајсторски испреплетена мистерија што ќе ви ги надмине очекувањата. Покрај ексцентричниот детектив Хари Хуле, тука е и таинствениот убиец израснат од пеколот на војната. Овој беспрекорно уверлив трилер ни покажува дека жедта за одмазда може да ја замрачи дури и најсветлата душа.

Поврзани статии

Back to top button