ЖивотУбави совети
Кандида во тек на бременост?
Во текот на бременоста, но и вон неа Кандидата мачи голем број на жени. Вознемирувачка е и непријатна. Но, како да ја спречиме и како да ја лекуваме?
Пред се, добро е да знаете дека борбата со габичките е долга и навистина тешка. Голтаме тон антибиотици, ја лекуваме со разни чепчиња, но сепак таа повторно се појавува. Габичката од фамилијата Кандида е жив огранизам, што значи дека за размножување се потребни одредени услови. Доколку се населила во нашето тело, нашиот начин на живот и овозможил услови кои и огдовараат. Ако имаме габична инфекција значи дека сериозно треба да поработиме на нашите животни навики.
- Слатката средина е одлична за развој на габичките. Затоа одбегнувајте шеќер, газирани напитоци, колачи, мед, алкохол, бел леб, кикирики и млеко. Внесувајте повеќе зеленчук (многу лук), риба, јајца, месо, овошје и интегрални житарки.
- Добриот крвоток е одлична заштита. Тесната облека која ја носите им одговара на габичките и затоа треба да ја изнегнувате.
- Секојдневното миење со сапун ја оштетува нормалната флора, што е уживање за напорните габички. Затоа, наместо сапун користете чаеви (камилица), или во водата додадете ароматични масла (лаванда, еукалиптус).
- Габичките не го сакаат кислородот а ние им помагаме во тоа со помош на носење на халахопки, синтетички ткаениние и секојдневни влошки.