Од васУбави муабети

Зрелоста за мене беше скапа лекција, но среќна сум, ја научив, изгледа на време…

Како што поминуваат годините, како созревам и секојдневно учам од животот сфаќам дека сакам да имам што помалку време за неважни работи. Сакам, а и знам дека треба се памалку време и енергија да трошам на неважни работи, расправии и случувања.

Како што поминуваат годините се помалку дозволувам да ме допираат и навредуваат туѓите навреди, се помалку размислувам дека треба да се осветам и да вратам. Одлучна сум дека живеам за себе, за себе и за никој друг.

Како што поминуваат годините јас знам дека нема да ги правам истите грешки, повторно и повторно. Не сакам да влијаам врз туѓ живот. Не сакам некој друг да влијае врз мојот живот, врз моето расположение и врз моите одлуки.

Како што поминуваат годините се помалку имам потреба да се правдам, докажувам и покажувам на луѓето. Не сакам никому сметка да давам зашто нешто правам или пак не правам.

Како што поминуваат годините така поминува и мојата несигурност и неодлучност.

Времето е најдобриот учител. Ме научи како треба, но и како не треба да живеам. Зрелоста за мене беше скапа лекција, но среќна сум, ја научив, изгледа на време. Да, јас дознав дека треба да живеам само за себе, ме просветлиа годините. Годините се моите најверни пријателки.

Поврзани статии

Back to top button