ДомУбави совети
Како до поуникатен дом?
![](https://ubavo.mk/wp-content/uploads/2017/05/18403130_611086465755477_6355237927086790198_n-500x470.jpg)
Домот мора да биде со душа, топол и спокоен. После работните секојдневни обврски на сите ни треба прибежиште во кое ќе се чувствуваме опуштено, топло и мирно. Нека мали детали направат вашата куќа да биде вистински топол дом. Драперите кои биле хит во минатото и ги гледавме само на филмовите сега се почесто се застапени и достапни низ продавниците за уредување на дом. Луѓето ги купуваат и ги вклопуваат во домот во соодветни бои и шари. Нешто што е многу важно е тоа што нема потреба да ги пеглате. Преку ден нека ви стојат кренати и сончевите зраци ќе заблескаат во вашиот дом, а пак навечер спуштени ќе доловат романтична и интимна атмосфера.