Каква и страст да имаме, ако плачеме за неа тогаш нашето срце се очистува
Молитвените и покајнички солзи за тоа дека сме далеку од Бога, се навистина спасителни. Каква и страст да имаме, ако плачеме за неа тогаш нашето срце се очистува. Или, пак, може да не се ослободиме од неа, бидејќи знаете дека многу пати Бог претпочита да не остави да се мачиме со страстите и да плачеме од раните на нашите страсти, отколку да не ослободи од нив, та потоа да изгледа дека сме се поправиле и да пресушат изворите на солзи. Подобро човек да е смирен, макар и да војува со гревот, отколу да го скаменил своето срце и да се придружува кон некаков надворешен морал. Бидејќи нечувствителното срце кое не чувствува болка, не се кае и не плаче, чувствувајќи го своето оддалечување од Бога, ја доживува најголема страст и грев – духовно убиство. Но, ако плачеме за гревот, после тоа неизоставно доаѓа утехата. Треба да стравуваме, бидејќи ќе дојде час и ќе се ослободиме од гревот, Бог ќе не спаси и срцето ќе ни се прекали преку оваа голема болка.
Митрополит Атанасиј Лимасолски