Од насУбави муабети

И после многу години Тој мора да биде заљубен како првиот ден!

Луѓето со долгогодишна врска понекогаш имаат периоди кога настапуваат чувства на одредена заситеност. Сепак, постојат парови кои, по десет години врска, продолжуваат да се однесуваат како вљубени тинејџери. Се прашуватекоја е нивната тајна? Тие работат на нивната врска од ден на ден и го инвестираат своето време и напор токму во нивната врска. Погледнете ги 7 одлични начини со чија помош секогаш ќе биде заљубен во вас како во првиот ден!

Скрши ја рутината и здодевноста

Ако сте подолго време заедно сигурно е дека ќе се појави некоја рутина. Излегувате со истите пријатели, секогаш на истите места, јадете исто и одите на исти концерти и забави. Тоа никому не му одговара, верувајте иако има нешто слатко во тие навики има моменти кога баш тоа и штети на врската. Направете нешто ново, патувајте, менувајте ги локалите во кои го пиете вашето омилено кафе, истражувајте и откривајте ги убавините на животот заедно.

Дотерај се од време на време само за него

Не чекај некаква прилика за да забескаш пред него. Во неговите очи факт е дека ти си секако привлечна и убава, но постојано во тренерки и пижами сигурно не сака да те гледа. Оди на фризер, исфенирај се поразлично, нашминкај се и дотерај се. Заблескај понекогаш само за негови очи.

Секогаш учете еден од друг

Сигурно постојат работи за кои тебе повеќе те бива, а и работи во кои он е поуспешен. Надополнувајте се, учете заедно, градете стабилна и умна врска.

Дружете се со пријателите

Оставете си малку простор. Излегувајте посебно. Створете си време само за себе и само за со своите пријатели. Потоа прераскажувајте си кој како си поминал.

Понекогаш исполнувај му ги желбите

Иако, можеби ти се спие или ти се лежи ако на него му се излегува и те замолил да излезете стани и остави ја својата волја дома. направи му мерак, потоа тој тебе и така еден на друг започнете да си ги исполувате желбите и да си го разубавувате заедничкото живеење.

Никогаш не го губи интересот за него

Сигурно не посакувате тој да го изгуби интересот за вас, па немојте ни вие за него. Тоа е многу едноставно, нели? Ако и двајцата сте среќни што си се имате еден на друг тогаш нема да има проблем. Само понекогаш сетете се колку ви е важно неговото присуство, кажете му го тоа и покажете му го на дело.

Излегувајте на романтични места

Еднаш месечно барем одете на романтична вечера, или запалете свеќи и гледајте филм заедно. Посветете си се еден на друг, секогаш имајте време. Колку и да имате обврски врската не смее да осети.

 

Поврзани статии

Back to top button