КариераУбави совети
Има начини како работниот ден да биде полесен!
Ви откриваме пет едноставни начини за тоа како да бидете што поопуштени на работното место и се разбира и повеќе продуктивни!
- Во својот распоред вметнете ги термините за одмор. Кога правите план за неделата или за денот, јасно потенцирајте го времето за семејството, пријателите и сите оние активности нешта кои ве прават среќни и ве полнат со позитивна енергија.
- Немојте да се плашите од делење на работата. Не ни пробувајте да направите се сами иако тоа очајно го посакувате. Побарајте помош од членовите на семејството и колегите. Научете и љубезно да одбивате обврски кои не се ваши!
- Секое утро одвојте пет минути за медитација. Медитацијата ќе ви помогне да имате енергија и ентузијазам за она што следува во текот на денот.
- Движете се! Не е лесно да најдете време за вежбање, но научно докажано е дека физичката активност го поправа расположението и ви дава енергија.
- Создадете пријатна работна средина. Украсете го бирото! Ставете цвеќе на работната маса, мотивационен цитат во рамка или интересна фотографија!