ЖивотУбави совети
Избегнувајте ги, тие се сакаат само себе…
Овие личности можеби нема да ве изневерат и остават кога ви се потребни, но тие се многу себични и размислуваат само за себе. Исто така, може да се каже дека тие се нарцисоидни. Тие не можат да ги сакаат другите луѓе. Себичноста е нивна најголема маана.
1. Овен
Овој знак има многу доблести, но исто така има потенцијал да се преценува себеси.Тој толку многу си се сака што мисли дека е најбрилијантниот, најумениот и најпрактичниот човек на земјава. Често зборува со себе со гордост. Тој сака и кога ќе добие пофалба, а ако не добие се фали самиот. Поради ова, може да ги изгуби пријателите и партнерите.
2. Вага
Тие се површни на некој начин. Премногу ја ценат убавината и големо внимание посветуваат на физичкиот изглед наместо на духовната состојба на човекот. Тие сакаат да привлечат внимание и се многу шармантни. Тие мислат дека се посебни и дека она што тие го прават е најдобро.
3. Лав
Се разбира, и Лавовите се на оваа “себична” листа. Тие се познати егзоцентрици. Тие за себе сметаат дека се центарот на универзумот. Тие ги сакаат само оние кои им се восхитуваат и ги преценуваат.