МодаУбави совети
Идни матурантки, не трчајте по годините!
Драги идни матурантки, одберете фустан кој совршено ќе ви прилега на годините. Не трчајте по годините, тие сами и онака ќе ве совладаат. Дајте и младост на младоста. Уживајте во најубавите години! Не мора да облечете скап и балски фустан за да изгледате совршено.
Едноставното фустанче ви предлагаме да го зачините со тренди накит, убава фризура и не многу јака шминка. Со години наназад гледаме како убави девојки за матурската вечер се претвораат во кафански пејачки, возрасни жени и деловни тетки. Не го дозволувајте тоа и покажете ја вашата младост и природна убавина!
Во продолжение следуваат неколку модели на поедноставни а сепак слатки и убави фустанчиња кои се вистински матурски избор, затоа што се слатки и ви прилегаат на годините.