ЖивотУбави совети

Идеи за убав викенд

Викендот е оној дел од неделата кој сите со нетрпение го чекаме. Сега, кога е тука ајде да го искористиме максимално…

Не дозволувајте времето да ви поминува, деновите да се празни, туку имајте убав, волшебен викенд. Ние ви нудиме неколку идеи за како да уживате во викендот што е пред нас…

Викендот во никој случај не смее да биде здодевен. Испланирајте љубовно бегство од градот заедно со вашиот сакан. Одете на некоја дестинација во земјава на која не сте биле досега и уживајте во прегратките. Во чист воздух, високи планини или поглед кон некое езеро. Наполнете ги батериите. Исклучете го телефонот. Посветете си време еден на друг. Разговарајте за важните нешта како љубовта, смислата на животот, големите и убави планови за иднината…

Или пак, соберете ги најблиските пријатели на вечера. Играјте некоја друштвена игра. Натпреварувајте се кој ќе каже посмешен виц. Смејте се до солзи, смејте се сè додека не ве заболат образите.

Расчистете го домот. Исперете ги завесите, постелнините, прекривките. Нека мириса домот на пролет. Непотребните работи и алишта спакувајте ги и донирајте ги. Направете добро дело.

А, доколку само сакате да се излежувате и да го одморите телото, тогаш барем прочитајте некоја книга или изгледајте филм. Колку и да ви звучи клише, факт е дека одлична книга или филм ќе ве наполнат со позитивна енергија и ќе ви го подобрат расположението. Погледнете кои се нашите предлози.

И не заборавајте, што и да правите овој викенд, правете го тоа со страст. Уживајте во секој миг! Искористете ја секоја секунда за да ви биде убаво на душата, да си се разгалите, да сонувате големи соништа!

 

 

Поврзани статии

Back to top button