ЖивотУбави совети

Дали ти си жртва во врската?

Многу од девојките сонуваат за идеалниот партнер. Посакуваат тој да биде добар, внимателен, грижлив, најмногу од се – вљубен, но често завршуваат со главни фраери на кои им се важни само сексот и добрата забава со што повеќе девојки. Кои се трите правила кои треба да ви се јасни кога станува збор за мажите и врските?

ПРЕСТАНЕТЕ ДА ИЗЛЕГУВАТЕ СО ЛОШИТЕ МОМЦИ КОЛКУ И ДА ГИ ПОСАКУВАТЕ! Тие нема да се променат. Ако е женкар не значи дека ќе му ја тргнете таа особина само ако го одвлечкате до матично. Ако сака да пие до раните утрински часови, тој ќе пие без разлика дали е оженет или не. Ако сака да се коцка, тој ќе го прави тоа иако неговите деца се гладни. ПРЕСТАНЕТЕ ДА СЕ ТРУДИТЕ ДА ГО ПРОМЕНИТЕ! Дрвце се калеми додека е младо, а не кога е старо. Така е и со мажите! Не можете вие да менувате карактер на маж од 30 или 35 години кој веќе оформил однесување и ставови. Само ќе си создадете главоболки. Или ви се допаѓа неговиот карактер и го прифаќате или напуштате територија. ПРЕСТАНЕТЕ ДА БИДЕТЕ ЖРТВА! Некогаш, и меѓу навидум најдобрите и најгрижливите мажи ќе сретнете вистински манипулатори! Тие се вешти на зборови и за кратко време ќе станете негова марионета. Не смеете да си го дозволите тоа. Ако во врската правите нешта кои не ги сакате за тој да биде задоволен, прекинете ја. Не допуштајте да ве манипулираат мажи кои се само слаткоречиви. Чувајте си го идентитетот и достоинството!

 

 

Поврзани статии

Back to top button