ЖивотУбави совети
Зошто во недела би требало да заборавите на чистењето?
Познавате ли некоја жена која во недела не пушта машина за перење и не чисти цел ден? Јас познавам една таква жена и сфаќам дека ја има направено најдобрата одлука! Следејќи го нејзиниот пример и јас одлучив дека недела нема да биде ден за генералки и здодевно бучење на машините за перење и сушење алишта, правосмукалката и машината за садови.
Не сакам недела да биде ден за чистење, затоа што:
- Тоа е единствениот ден кога јас и мојот сопруг можеме да бидеме заедно, затоа што ги работиме и саботите во фирмите каде што сме. Тоа значи дека во недела ќе си наоѓаме време еден за друг.
- Недела е единствениот ден кога имам време на раат и без брзање да подготвам ручек и сите да се собериме на трпезата. Се разбира, подобрата варијанта е да излеземе во некој ресторан.
- Недела е ден кога ќе му се посветам на моето прваче кое ја открива моќта на учењето и книгите и на помалото дете кое штотуку започна да зборува и го открива светот. Наместо да собирам алишта, ќе откривам заедно со нив.
- Недела е ден кога можеме сите заедно да тргнеме во авантура. Без разлика дали тоа ќе биде пикник во паркот, попладневно дружење во некоја игротека, посета на бабите или пак шетање покрај некое езеро… Спомени остануваат од искуствата и тие го греат срцето, а не крпите и метлите.
Можам секој друг од неделата, по четриесет минути дневно да се посветам на домаќинските обврски, а во недела да бидам среќна и без обврски заедно со оние кои се моето се!