Зимница за подобра крвна слика, одличен имунитет и брз метаболизам!
Смесата складирајте ја во тегли. Не заборавајте дека треба да бидат добро затворени и на ладно (замрзнати).
Потребни состојки: 1кг цвекло, 1кг мед, 1кг лимон, 1кг целер, 1кг морков и 1кг јаболки.
Цвеклото и морковот излупете ги, а јаболките само добро покиснете ги во вода и користете ги со лушпата добро измиени. Лимонот искиснете го во вода со малку сода. Сите состојки изблендирајте ги во миксер. На крај прелијте со медот и складирајте ги во тегли кои добро ќе ги затворите на крајот.
Поради тоа што ќе излезе голема количина најдобро е голем дел од смесата да ја замрзнете за да не ви се расипе. Одмрзнувајте тегла по тегла. Нема да имате проблем при замрзнувањето на теглите (испробано). Можете и во пластични добро затворени садови да ја замрзнете зимницата која ви гарантира добра крвна слика и одличен имунитет.
Секое утро по две супени лажици.