За жал почувствував, психичкиот напад боли повеќе од физичкиот!
Ме удриле, неколку пати, признавам. Ми течело крв од носот од силната тупаница, ми крвареле колената од ненадејниот пад, ми горел образот од врела шлаканица..да не ви набројувам какви не удари додека бев во најлудите години имам почувствувано. Звучи морбидно, лошо и непријатно, знам. Во тие моменти си мислев дека поголема болка нема да почувствувам.
И, погрешно сум си мислела. Дојде време кога почувствувам многу, многу поголема болка. На своја кожа почувствував како умеат да болат зборови. Зборови, изговорени и неизговорени. Од очи прочитани. Со душа почувствувани. Со срце долго потоа тагувани…
Денес, од кога завршиа, сега за сега нападите врз мене јас со сигурност ви трвдам дека психичкиот напад боли сто пати повеќе од физичкиот. Кога човек е нападнат физички тоа трае неколку секунди, минути, а психичите напади вообичаено траат и траат, се додека не се свестите што ви се случува, што трпите и како од се тоа да се извлечете. Немој да ме разберете огрешно, не оправдувам физички удари и насилство. Секоја напад боли, боли до коска. Но, секоја рана се затвара, секоја искршеница заздравува, секоја лузна се помалку и помалку се гледа. Но, кога некој ќе ви создаде болка во душата, рана на срцето и лузна во сеќавањето, е тоа со години и години треба да се лекува за на крајот повторно да боли. При секоја помисла, при секоја случајна сличност, при секое замужување…