За витка става не е потребно гладување!
Како и да се вика, секоја диета подразбира помал внес на храна. Најштетни се диетите кои не дозволуваат внесување на одредена храна, или екстремно внесување. Нашиот организам диетата ја доживува како аларм, ситуација која е опасна.
Во исто време, гладувањето не е начин за трајно губење на тежината. Во многу статии ќе прочитате “За 10 дена и до 5 килограми помалку”, заборавете на тоа. Да, можете да изгубите килограми со овие диети, но знајте дека ќе ги вратите во првиот момент, веднаш штом ќе почнете да јадете нормално.
Наместо гладување, размислете: разновидна и умерена исхрана, богата со сите групи на храна. Редовна физичка активност. За сите летни активности: на вода, во паркот, природата бара дополнителна енергија, па затоа е важно да не гладувате. Исто така, научете да јадете помеѓу оброците: моркови, салати, сезонско овошје. На овој начин ќе јадете здрава храна наместо нездрави калорични закуски.
Кога јадете, заборавете на: гледање телевизија, проверка на телефонот, читање. Сето ова вè одвлекува, не забележувате колку јадете…
Рецептот за добра линија е едноставен: балансирана исхрана плус физичка активност!
Неизбежни се позитивните реултати кога ќе ги споите здравата храна, редовните оброци и физичката активност. Физички активности како што се пливање, трчање, пешачење го стимулираат метаболизмот и ги согоруваат клориите. Редовните оброци исто така го убрзуваат метаболизмот кој е најважен при процесот на слабеење и одржување на идеална тежина.
Не заборавајте дека е многу важно и внесувањето на вода, барем 2л на ден!