ЖивотУбави совети

Зошто треба да пиете чај од камилица, коприва и бозел?

Често конзумирајте чаеви и големи количини на вода.

Затоплете се и подмладете си го организмот. Треба точно да знаете кој чај за што помага и на што влијае.

Камилицата ги ублажува болките во стомакот и во мочните меури. Чајот од камилица помага и при настинка. Камилицата има и антисептичко дејство, па поради тоа се користи и за плакнење на устата, носот, глрлото, очите и помага при мали изгореници.

Чајот од коприва ги ублажува бронхијалните тегоби и го чисти грлото. Ја поттикнува размената на материите во организмот и ја подобрува крвната слика.

Бозелот, односно цветот од бозелот содржи многубројни лековити супстанции поради кои одамна станал еден од омилените народни лекови. Ефикасен е како средство за потење, за уринирање и за искашлување. Лековити се и лисјата од бозелот но поретко се употребуваат.

Поврзани статии

Back to top button