Зар религијата да ни пресуди?
Уште на самиот почеток сите беа против нашата врска. Кој отворено ми велеше тргни се од него, ќе имаш проблеми, кој ме гледаше со жалење, но не изустуваше ништо. Си ги познавам многу добро блиските пријатели, знаев што мислат иако вешто премолчуваат. Но, јас се заљубив до срж! Јас не гледав пречка никаква. Различните религии не ги гледав како закана за нашата среќа. Не слушав што ме советуваа блиските. Дури и оние кои не ми беа блиски се осудуваа да ми судат. Нивните зборови за мене не беа важни. Не сакав да им дозволам да влијаат на мене и на мојата среќа. Јас во тој човек ја најдов љубовта. Го најдов спокојот во душата кој порано не ми беше познат. Насмевка на лицето од мене и јас од него имам. Зар не е доволно? Ми велеа дека децата нема да смеам во црква да си ги крштевам, дека кај моите дома нема да ми дозволи да одам, дека була ќе ме направи. Роб на домот ќе сум била, и јас навистина станав роб. Но, роб на среќата. Среќна сум уште со него како на почетокот. Децата ги научивме да ги почитуваат двете религии. Дома славиме и Велигден и Бајрам. Велигден со моите роднини, Бајрам со неговите. Секогаш ни е празник. Заедно уживаме во тоа. И убаво ни е. Среќни сме. Горди сме што не дозволивме предрасудите да не разделат. Првото дете го крстивме по желба на мајка ми, второто по желбата на мајка му. И што ни фали? Среќата работи за нас. Живееме поубаво од што сите претпоставуваа. Луѓе, не судете му никому. Немојте да гаите непотребни предрасуди. Сакајте го животот. Бојата на кожа или религијата нека не ви бидат важни. Не мразете ги луѓето кои се навидум поинакви од вас. Љубете се, радувајте му се на секој нов ден!