Од насУбави муабети

Ниту една силна жена овие работи не смее да ги менува поради никого и ништо

Не постои жена која барем еднаш во својот живот – поради вљубеност, несигурност или нешто друго – се ставила себе си на второ место. Но, постојат некои работи за кои не треба да се прави компромис, ниедна силна жена овие работи не смее да ги менува поради никого и ништо. 

Физички изглед: физичката промена нема да има никаков ефект ако ја направите за партнер, пријател или член на семејството. Новата фризура, бојата на косата, чевлите на неудобни потпетици, тетоважата, одење во салата за вежбање мора да бидат поради вас самите.

Откажување од животните цели и сонот: Никој не треба да се занимава со вашите цели и соништа. Ова е само ваш живот, и на крајот, само ќе жалите за незавршеното и испуштеното.

Барање дозвола: силните жени играат според сопствените правила и кога тоа не се очекува од нив. Смело донесуваат одлуки, без разлика што мислат другите. Затоа што секој знае што е најдобро за него.

Менување на договорените планови: Понекогаш сме опкружени со луѓе кои се сакаат само себе си во првите редови, и тоа го очекува и од другите. Таквите врски не носат многу добро.

Никогаш не се менувајте поради некоја причина. Секогаш бидете она што сте, заради вас. Ако одлучите нешто да промените, нека тоа биде за подобар квалитет на сопствениот живот.

 

Поврзани статии

Back to top button