Домашна чорба за прочистување на организмот
Добро познато е дека домашно зготвената чорбеста храна е најдобар начин да системот на храна го држите под контрола и цревата да ви работат перфектно. Ви нудиме стар рецепт на здрава, бела и кисела чорба. Набавете ги потребните намирници и дајте му на телото повеќе енергија.
Состојки:
1кл кокошка
Половина шолја ориз
1 лук
2 ловорови листа
2 моркова
2 лимона
3 жолчки од јајца
200мл павлака
Магдонос, сол и црн бибер и целер
Во длабоко тенџере ставете го пилето и доставете 3л вода. Посолете и оставете да проврие. Кога ќе проврие, смалете го оганот и тргнете ја пената која ќе се создаде одозгора. Додадете ги исецканите зеленчукови намирници и оставете да се вари. Кога пилето ќе се свари извадете го и одвојте го месото. Кога ќе го вратите месото во тенџерето додадете го и оризот. После 15мин варење полека додадете ги лимонот и павлаката кои предходно добро ќе ги соедините. Посолите по свој вкус и додатете го магдоносот на самиот крај.