ЖивотУбави совети

Доколку вашата ВРСКА е во КРИЗА, обрнете внимание: Денес е денот во декември кога повеќето парови раскинуваат

Постудените зимски месеци се секогаш карактеристични по тоа што ни паѓа расположението пред да дојдат празниците. Тмурното време надвор влијае и на нашата психа, а како што покажаа истражувањата, тоа влијае и на нашите љубовни врски.

Имено, резултатите од различни статистики покажале дека повеќето парови се разведуваат во ист ден во декември!

Според една статистика на Facebook, која зборува за прекин на врска – се покажало дека 11 декември е денот во годината кога се случуваат најмногу раскинувања.

Ова не е официјална и репрезентативна анкета, па нема изјави за причините за раскинувањето, но има индиции зошто тоа се случува.

Како прво, тоа се врски кои се во криза веќе некое време и нестабилни. Од друга страна, многумина сакаат да ја започнат новата година и празниците сами, без кавги и грижи и сакаат да се ослободат од товарот на лошата врска.

Зошто ова е токму 11 декември – не може да се објасни. Сепак, статистички гледано, за време на празниците сè повторно се подобрува, па во тоа време се создаваат многу нови врски.

Поврзани статии

Back to top button