МодаУбави совети

Дезенот кој е ин секоја сезона

Кога станува збор за дезените на облеката, има еден кој е безвременски, неговиот рок на траење е неограничен и со задоволство го носат сите генерации на девојки и жени.

Дезенот со линии, без разлика дали се вертикални или хоризонтални е актуелен секоја година, особено во летните и пролетните месеци. Доколку ста слаба одберете облека со широки хоризонтални линии, доколку имате некој килограм плус одберете тесни вертикални линии.

Од сите парчиња на облека со ваков дезен, најмногу внимание привлекуваат памучните маички бидејќи се супер удобни, може да ги комбинирате и во спортска, но и во елегантна комбинација. Може да ги носите со широки здолништа во една боја, класични црни панталони или пак, искинати фармерки. Може да ги комбинирате и со фармерска јакна или кеплер, но и со класично сако.

Поврзани статии

Back to top button