Убави вести

Дедо мраз и пакетчиња за умни и за палави дечиња!

Единствената активна граѓанска „грас рут“ организација за унапредување на права на членки и членови на еднородителски семејства во Македонија, „Една може!“

Ви го најавува настанот кој се одржува во „Концепт центарот Една може!/Една прави“, на ден 20.12. 2017, среда, од 13.00 до 16.00часот. На Ул. Народен фронт бр.5/9

Детска празнична претстава, Дедо мраз со пакетчиња за 140 дечиња, со поддршка на „Телеком Фондација“, ќе бидат споделени со дечињата од еднородителските семејства, членки на „Една може!“

Истовремено, ќе споделиме пакети со гардероба, празнични украси и играчки и бебешки суплементи, кои ги собравме во заедничка акција со најхуманата Ординацијата на Др. Ѓорги Паскалов, традиционано, втора година по ред.

„Нашите деца заслужуваат топла облека, играчки, и радост и безгрижност за празниците, исто како и сите деца, затоа се обединивме, ние, силните мајки од „Една може!“, и покажуваме заедно со нашите емпатични пријатели/ки, што значи реална грижа и љубов. Истовремено работиме на унаредување на правата преку системско решавање на досега игнорирачките пракси кон овој вид на семејства, но и преку детабуизирање, дестигматизирање и сензибилизација, и на самата целна група, на граѓаните и на тромавите и инертни институции и државни службеници. А 2017 година ќе ја запомниме по земање на судбината во сопствени раце, преку формирање на првата иновативна социјална Компанија за производство и продажба на органска, јадлива, висококвалитетна козметика за умна и едноставна хигиена и нега на кожа „Една прави“https://www.facebook.com/onecansocbizz/?ref=bookmarks, со темели изникнати од неиздржливата неправда кон работничките права на самохраните мајки, воспоставувајќи нови стандарди за работни односи, кон жените самохрани мајки“ изјавува претседателката, ЦЕО и Founder, Дороти Пачкова.

После оваа акција, следува акција за собирање на храна, за полна празнична трпеза за еднородителските семејства, затоа ги покануваме сите добронамерни, граѓани и компании, да донираат здрава храна (житарки, зеленчуци и овошки, замрзната храна, протеини, јатки, мешунки, зрнасти производи, суви овошја, зачини, чаеви и кафиња, и детска храна) во нашиот „Концепт центар Една може!/Една прави“ во кои домуваме како организација, благодарение на соработката со нашата омилена Банка, Комерцијална Банка, АД Скопје, секој работен ден од 10.00 до 17.00 часот, и на нашиот телефон: 025511892

 

Срдечно и

Една може!, Една прави, зошто една љуби!

Тимот на Една може!/Една прави

 

 

 

 

 

Поврзани статии

Back to top button