ЖивотУбави совети

Дали сте за здрави вегански крофни?

Кој рече дека крофните не можат да бидат вкусни и здрави во исто време? Подолу ви претставуваме еден одличен рецепт за неодоливи вегански крофни, кој секој ќе го обожава.

Најдоброто нешто, покрај едноставната подготовка, е што овие крофни не содржат глутен или млеко, па затоа се погодни и за луѓе со нетолеранција кон оваа храна.

Потребни состојки:

1/4 чаша растително млеко по желба (кокосово, бадемово…)
1 лажица јаболков оцет
1/2 лажица екстракт од ванила
3 1/2 лажици маслиново масло или путер од кикирики
1 чаша брашно
1 лажица прашок за пециво
1/3 лажица сол

Подготовка:

  1. Измешајте ги првите 5 состојки.
  2. Вклучете ја рерната на 190 степени.
  3. Додадете ги преостанатите состојки и мешајте додека не добиете густа смеса. Оставете го тестото да „одмори“ пет минути.
  4. Истурете ја смесата во мини калап за мафини и печете во рерна додека не поруменат.
  5. Извадете ги од рерната и посипете ги со кокос или шеќер или чоколаден прелив.

Поврзани статии

Back to top button