ЖивотУбави совети

Дали има потреба од вакцинирање на децата?

Вакцини и нужната потреба од нив

Процесот на вакцинација е процес на имунизација на организмот од соодветен штетен причинител и создавање на антитела кои ќе го штитат организмот во иднина. Историјата ни прикажува стравотни случувања, епидемии и смрт со огромни размери кога не постоел процесот на вакцинација. Се смета дека со пронаоѓањето на вакцините и антибиотиците животниот век на човековиот род е зголемен и се истиснати многу болести кои сееле смрт и одземале животи. Вакцинацијата е многу битен момент од развивањето на детскиот организам, а подоцна и нивен здрав животен тек. Онаа што родителите се плашат околу целиот процес на вакцинација е  анатемизирањето на вакцинацискиот процес кое секако е со лоши последици по целокупното понатамошно потомство на целата популација. За ширењето на овој момент се заслужни одредени групации кои не сакаат да во светот постои здрав организам и постојано зад сето тоа стојат луѓе кои се нестручни и кои не ги знаат вистинските приодобивки од постоењето на вакцините уште од дамнина. Родителите не треба да се плашат од самиот процес на вакцинација поради фактот што и тие самите биле вакцинирани и нивното здравје довело да и тие создадат потомство, кое секако треба да е здраво и да ја продолжи сопствената лоза. Оној момент за кои вакцини станува збор и дали се од сомнително потекло е фактот кој најмногу ги плаши родителите. Но затоа постојат релевантни показатели и самите лекари кои се во вакцинацискиот диспанзер знаат да кажат кои и какви вакцини им се донесени, а и фактот што доколку има проблем од некоја вакцина одговорност ќе понесе и добавувачот и набавувачот т.е Министерството за здравство.

Се со цел за да се доближат родителите до процесот на вакцинација  и да се стекнат со основно познавање на вакцините какви видови има и како изгледа вакцинацискиот календар кој е законски спроведен кај нас, јас како лекар педијатар во кратки црти ќе ви го појаснам тоа.

Според бројот на антиген содржат вакцините може да се поделат на:

Моновакцини, кој содржи антиген (на пример, вакцина против TB-BCG)

Комбинирано кои содржат повеќе антигени (e. DTP вакцина против дифтерија, тетанус и пертусис).

Според биолошки форми се поделени на:

Живи бактериски (на пр. BCG вакцина против туберкулоза)

Мртвите бактерии (вакцина против тифус, колера, дифтерија, тифусна)

Живи вирусни (МПР вакцина против мали сипаници, заушки и рубеола, а потоа и на полио вакцина – Сејбинова, вакцина против грип)

Мртово вирусни  (вакцина против грип, детска парализа, Салкова  вакцина)

Вакцини на база на ана токсин  при што е модифициран токсинот (изгубени се токсичните ефекти, а е задржано антигенското дејство), на пример. DT вакцини против дифтерија и тетанус

Вакцина добиени со генетски инженеринг (хепатитис Б вакцина)

Имунизацискиот календар по кој се спроведува вакцинацијата кај нашите дечиња:

Нашиот имунизациски календар се состои од вакцини кои се приспособени во нашата држава бидејќи постојат и вакцини кои не се задолжителни во нашата држава, а се задолжителни во европските држави.(пнеумококна вакцина , менингококна)

Сме се запрашале како родители дали има несакани последици од одреден вид на вакцина. Одговорот е секако ДА. Но, тие несакани последици се премногу ретки, освен основните кои секако после процесот на вакцинација ги соопштуваме на родителите како можни нус ефекти од вакцината. Тоа се секако појава на фебрис грозница или покачена температура, црвенило и оток на местото на вакцинација и можност за појава на омалаксаност и поспаност кај децата. Санирањето на тие моменти е со помош на користење на антипиретик (парацетамол или бруфен) и на средство за намалување на отокот како што е ациди борици. Доколку се забележи дека ситуацијата продолжува, во тој случај се јавуваме кај матичниот педијатар кој ја знае понатамошната процедура. Само да напоменам околу се почестите неточни информации за евентуална поврзаност на вакцинацијата со појава на аутизам, само ќе наведам дека до сега сите светски  изработени долгогодишни студии не покажале никаква поврзаност на процесот на вацинирање со појава на аутизам за тоа постојат релевантни  документации кои го докажуваат тоа, а исто така апелирам на разговор со вашиот матичен педијатар доколку се уште постои некоја недореченост во врска со самиот процес.

Родители слободно пристапете кон процесот на вакцинација бидејќи само така ќе си ги заштитиме сопствените деца од појава на несакани болести кои веќе одавна се избришани апелирам бидејќи не сме примитивно општество туку живееме во 21 век и нашата свест е на високо ниво. Само така искрено помагаме на нашето потомство да опстане.

Пишува: Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар

Поврзани статии

Back to top button