ЖивотУбави совети

Дали имате вистински пријател до вас?

Вистински пријателства не се градат лесно, потребно е време и труд за да се добие вистинско пријателство.Не за џабе се вели дека вистински пријателства се наоѓаат лесно, но за да прераснат во пријателства за цел живот треба време. Еве ги ситуациите преку кои можете да идентификувате дали имате вистински пријател до вас:

Една на друга си ги познавате сите пријатели и родинини, често сте гостин на сите важни настани(свадби, крштевки, слави, родендени и сл). Во таа куќа се чувствувате како во својата.

Вашата најдобра пријателка ги знае сите незгодни ситуации во кои сте се нашле низ годините и знае од што се срамите и ден денес.

Една на друга сте си утеха и потпора кога и да е тоа потребно.

За љубовта и сексот разговарате најотворено, таа е личноста на која ќе се јавите веднаш после добриот состанок, после раскинувањето, после секој важен момен за вас…

Споделувате се, тоа што е ваше е и нејзино, и обратно.

Си ги кажувате една на друга сите тајни, дурии и оние за кои сте мислеле дека никому ниогаш нема да можете да ги кажете.

Поминувате заедно низ сите тешки животни ситуации (болест, смрт на некој близок…)

Правите планови како ќе изгледа вашето дружење кога ќе бидете стари баби, затоа што едноставно не можете да ја замислите иднината една без друга.

Умеете заедно да молчите. Тоа може да се воспостави само помеѓу луѓе кои вистински се почитуваат и сакаат.

 

 

Поврзани статии

Back to top button