ДомУбави совети

Идеи за декорација на кујната

Велат дека кујната е срцето на домот. Таа треба да биде едно топло и пријатно катче во кое вие и вашето семејство ќе се чувствувате убаво.

Уредувањето и декорирањето на кујната не завршува со кујнските елементи. Вашата кујна не смее да биде полупразна, погрижете се да имате детали кои ќе ја направат интересна за око. Ви нудиме неколку совети за тоа како да ја декорирате вашата кујна:

  • Украсете ја со зеленило. Може да поставите неколку саксии со собно цвеќе или пак саксии или големи стаклени тегли во кои ќе посадите зачини. 

  • На ѕидовите во кујната, може да поставите еднобојни чинии или пак чинии со одредени мотиви.
  • Врамете кујнски прибор или во празни рамки поставете вазнички со цвеќе.
  • Поставете фотографии од храна или пак слики со пијалаци.
  • Одберете некој креативен натпис и поставете го на некој празен ѕид или купете црна табла на која одвреме – навреме со бела креда ќе испишувате по некоја убава мисла.
  • Доколку имате мали деца, украсете ја кујната со разнобојни тапети или стикери кои ќе направат мало царство на вкусови за вашите деца.

Поврзани статии

Back to top button