ЖивотУбави совети

Дали знаете што се случува во телото кога ќе изедете лута пиперка?

Едно ново истражување, завршено од тим од Универзитетот во Вермонт по 6 години, покажува дека постои врска помеѓу консумирањето лута храна и стапката на смртност.

Верувале или не, едно истражување покажало дека само една лута пиперка месечно е доволна за да го намалите ризикот од смртоносен инфаркт или мозочен удар за дури 13 отсто!

Што всушност се случува во телото кога јадеме лута храна?

Капсакаинот, супстанцијата што ги прави лутите пиперки толку лути, придонесува за способноста на телото да ја претвори таканаречената „бела маст“ во „кафеава маст“. Според истражувачите, „кафеавата маст“ е „паметна маст“ која му помага на човечкото тело поефикасно да согорува калории.

Мажите кои јадат лута храна имаат повисоко ниво на тестостерон.

Ова го покажуваат резултатите од една психолошка студија – затоа не се работи за физиолошки докази туку за корелација. Исто така, се покажа дека склоноста кон капсаицинот укажува и на склоност кон агресија, ризични дејства и доминантен став.

Секој пат кога јадеме храна која содржи јаглехидрати, нивото на шеќер во крвта се менува. Сепак, додавањето лута пиперка во оброкот го спречува скокот на шеќерот во крвта за време на оброкот, покажа студијата на нутриционистите пред десет години. Се покажа дека ова е особено ефикасно кај пациенти со дијабетес тип 2.

Поврзани статии

Back to top button