Дали е добро да се чешла косата додека е влажна?
Чешлањето на влажна коса можеби не е толку добра идеја…
Нема поубаво чувство од влечење чешел низ косата. Покрај тоа што чешлајќи го масираме скалпот, косата станува посредена и помека. Само чешлање ја отплеткува косата, го масира скалпот и ја подобрува циркулацијата. Експертите советуваат да ја чешламе косата од коренот до краевите, со дрвен чешел или со четка од природни материјали.
Сето ова го знаеме, но дали е добро да се чешла влажната коса?
За оние кои имаат права коса, чешлањето на влажна коса ја суши и ја оштетува косата. Имено, влажната коса е поранлива и чувствителна. Кога ја растегнуваме влажната коса, таа се издолжува, се растегнува и на крајот се крши.
Оние што имаат кадрици или брановидна коса, од друга страна, треба да ја чешлаат додека е мокра. Или барем влажна. Сувата кадрава коса не може ниту да се чешла, да бидеме реални. Меѓутоа, и овде треба да се внимава. Се советува да ја испрскате со спреј за заштита или спреј за расчешлување на коса пред чешлање и да ги чешлате кадриците нежно.
Колку често треба да се чешла косата?
Тоа зависи од самиот тип на коса. Советот е да избегнувате четкање секој ден, и наместо тоа, одделете ја косата со прстите, особено ако имате кадрици.