Гратис карти за стендап шоу во МНТ!
Почитувани Дами и Господа
На Ваше големо задоволство најновото стендап шоу на македонскиот актер и стендап комичар Никола Тодороски
“ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY”
или за тие што бегале од часовите по англиски
“ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“.
Еден човек со микрофон и 75 минути пеколна комедија која ја исмева човечката глупост!
Пред точно седум години Битола беше градот во кој Никола го направи својот прв стендап настап. Сега по точно седум години од Битола Никола со своето ново соло шоу “ARTIFICIAL INTELLIGENCE NATURAL STUPIDITY“ ја започна балканската турнеја – 5 држави, 23 балкански градови. Доколку до сега сте успеале да го гледате Никола и негово стендап шоу, не сте виделе ништо. “ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРИРОДНА ГЛУПОСТ“ е шоу на тотално друго ниво.
На 26.10 шоуто ќе ја доживее својата прва реприза на сцената на Македонскиот Народен Театар.
Никола Тодороски е познат по својот специфичен хумор. Тој покрај во Македонија настапува и пошироко на Балканот и во Европа. Настапувал во еден од светски познатите стендап клубови The Comedy Store во Лондон. Успеа да стигне до полуфиналето на стендап натпреварот The Funniest Person in The World во Хелсинки, заедно со 20 комичари од светски ранг, организиран од стендап клубот The Laugh Factory. Годишно Никола успева да реализира над 150 шоуа во Македонија и пошироко.
Билетите се во продажба на касата на МНТ.
A ние ќе доделиме гратис карти за нашите верни читатели!