ЖивотУбави совети

Вкусна идеја за денешниот ручек

Толку лесно и вкусно, рижото е совршено како додаток на многу јадења. Сепак, неговата подготовка на традиционален начин може да биде навистина напорна со сето тоа стоење покрај шпорет и постојано мешање. Поради таа причина, ви претставуваме посовршена верзија на рижото од рерна, во комбинација со печурки и пилешко. Супер вкусна и интересна идеја за денешниот ручек!

Потребно:

1 и пол шолја ориз
1 кромид, ситно сецкан
500 гр печурки, исечени на четвртинки
1 чешне лук, ситно сецкан
4 чаши пилешка супа
1 чаша топла вода
¾ чаши пармезан
4 лажици путер
сол и бибер
2 и пол чаши ситно сечкано варено пилешко
¼ шолји сецкан свеж магдонос

Загрејте ја рерната на 250 степени. Подгответе тава и измешајте ориз со кромид и лук, печурки и пилешка супа. Ставете ја во рерна без капак и печете околу 35 минути, додека не исчезне целата течност. Промешајте на половина печење. Ако оризот впил поголем дел од течноста, покријте ја тавата. Кога оризот ќе омекне, извадете ја тавата од рерната. Додадете зовриена вода, пармезан и путер. Сè добро измешајте. Додадете сол и бибер, а потоа додадете го пилешкото. Украсете со свеж магдонос пред сервирање.

Поврзани статии

Back to top button