ЖивотУбави совети
Вкусен ручек без печење!
Во овие топли денови ретко кој сака да поминува време во кујната околу шпоретот. Затоа, ви нудиме еден брз и едноставен рецепт кој може да биде вистинска замена за богат ручек.
За да го подготвите овој ручек за 4 лица, потребни ви се 600 гр. чадено пилешко филе, една конзерва пченка, десетина кисели краставички, една павлака, малку сенф, сол, црна бибер, оригано и маслиново масло.
Во еден сад, добро измешајте ги ситно сецканото или рендано филе, додадете малку масло, црна бибер, оригано и сенф.
Во друг сад, пченката измешајте ја со павлаката и ситно сецканите кисели краставички. Додадете сол, црна бибер и малку оригано.
Послужете ги одделно во иста чинија без да ги мешате!
Со овој ручек, почестете се и чаша бело вино.